Уставниот суд не им дозволи на новинарите да ја проследат средбата помеѓу претседателот на судот, Сали Мурати и амбасадорот на ЕУ, Самуел Жбогар.
И покрај инсистирањето да се присуствува и да се земат изјави по завршување на средбата, службите од судот сугерираа изјавите да се земаат само надвор од објектот.
Не е позната темата на средбата, а Мурати по неговото назначување за претседател на Уставниот суд, досега имаше средби со амбасадорот на Сојузна Република Германија, Томас Герберих и со францускиот амбасадор, Кристијан Тимоние.
Уставниот суд во периодов е актуелен по иницијативата за преиспитување на уставноста на поништувањето на помилувањата од поранешниот претседател Иванов.