Јавна расправа утре за Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија утре ќе одржи јавна расправа за предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

На дебатата ќе учествуваат членови на Владата на Република Македонија, медиуми, портали, новинарски здруженија, како и претставници на разни институции и невладини организации.

Во јавната расправа, ќе учествуваат и пратениците, кои се  членови на Комисијата за надворешна политика, Комисијата за транспорт, врски и екологија, Мешовитиот парламентарен комитет-Република Македонија и Европска унија и Националниот совет за евроинтеграции.

Постапката за донесување на новите законски измени почна на 14 јули минатата година, со првата јавна дебата, а оттогаш се одржа уште една дебата и низа консултации. Владата на 20 февруари годинава ја усвои конечната верзија, која потоа ја испрати до Собранието.

foom-logo-disklejmerТекстот е изработен во рамки на проектот „Опсерваторија на медиумските реформи“, што го спроведуваат Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, „Агора“ Центар за промовирање на граѓански вредности и Платформата за истражувачко новинарство и анализи (ПИНА), со финансиска поддршка на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.
Содржината на текстот е единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Фондацијата Отворено општество – Македонија.