Македонија ќе ја унапредува слободата на медиумите како дел од Коалицијата од 35 земји

Македонија како членка на Коалицијата за слобода на медиумите ќе делува со останатите земји потписнички за унапредување на слободата на медиумите на локално и глобално ниво, било усвоено на првиот состанок на Коалицијата за слобода на медиумите составена од 35 земји членки потписнички, која го одржала својот прв состанок на високи функционери на 29 и 30 јануари 2020 во Женева, Швајцарија.

„Слободата на медиумите е од суштинско значење за остварување на човековите права и основните слободи и е составен елемент на глобалната безбедност и просперитет. На луѓето им се потребни слободни медиуми за да им обезбедат точни информации и информативни анализи доколку владите треба да се повикаат на одговорност. Соочени со заканите за слободата на медиумите, кои се нови по обем и по природа, треба да усвоиме нови форми на соработка кои се прилагодуваат на новите реалности,“ стои во заклучокот.

Сите членови ја потпишаа „Глобалната заложба за слобода на медиумите“, а како потписнички, секоја членка се обврза да работи заедно преку преземање активности за подобрување на опкружувањето за слободата на медиумите и безбедноста на новинарите, дома и во странство.

На состанокот било заклучено дека треба да се земат предвид сите области што влијаат врз слободата на медиумите, од овозможување на поволни регулаторни средини до промовирање на транспарентност во судските процеси.

Целта, меѓудругото е и да преземе акција за поединечни случаи со координирање на заедничките напори за покренување конкретни случаи кога новинарите и медиумските работници, или медиумските организации, се под закана, со цел да се охрабри почитувањето на гаранциите за фер судење и да се намалат случаите на неказнивост за кривични дела против нив

Од Коалицијата за слобода на медиуми се очекува да укаже на индивидуални случаи и состојби кога лицата што се занимаваат со новинарство, како и медиумските организации, се соочени со закани, а со цел да се намалат случаите на неказнивост.

foom-logo-disklejmer

Текстот е изработен во рамки на проектот „Опсерваторија на медиумските реформи“, што го спроведува Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, со финансиска поддршка на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Содржината на текстот е единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.