Çmimi “Mediumi që promovon gazetarinë si të mirë publike” për vitin 2019

ССНМ ќе ја додели наградата „Медиум промотор на новинарството како јавно добро“ – Роберто Беличанец

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) вечерва во 19.30 часот во Јавна соба ќе ја додели годишната награда „Медиум промотор на новинарството како јавно добро“ – Роберто Беличанец за 2019 година.

Настанот ќе започне во 19.30 часот со панел-дискусија на тема „Како до медиуми кои го третираат новинарството како јавно добро?“, а по дискусијата ќе биде доделена наградата.

На панел дискусијата ќе учествуваат Билјана Бејкова од НВО „Инфоцентар“, Звездан Георгиевски, в.д. претседател на ССНМ, Билјана Секуловска, уредник на „НоваТв.мк“ и Тамара Чаусидис, уредник, БИРН Македонија/„Призма.мк“.

 

foom-logo-disklejmerТекстот е изработен во рамки на проектот „Опсерваторија на медиумските реформи“, што го спроведува Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, со финансиска поддршка на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Содржината на текстот е единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.