ЗНМ и СЕММ го осудуваат директното кршење на изборниот молк од некои онлајн медиуми

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) најостро ги осудуваат случаите на грубо прекршување на изборниот молк од страна на повеќе онлајн медиуми во текот на вчерашниот ден, што претставува сериозно компромитирање…

Нови три милиони евра за плаќање партиска пропаганда во медиумите

За политичка пропаганда во медиумите политичките партии на овие предвремени парламентарни избори, кои ќе се оддржат на 15 јули, ќе имаат на располагање да потрошат околу 3.6 милиони евра, велат од Државната изборна комисија. Тие откриваат дека само трите големи…

Партиска пропаганда на денот на избори поради немање изборен молк

На вонредните парламентарни избори што треба да се одржат на 15 јули идната недела на денот на гласање нема да има изборен молк. Тоа значи дека учесниците на изборите на денот на гласање ќе можат да ги користат медиумите и…

Резултатите од изборните анкети медиумите може да ги објавуваат најдоцна до 9 јули

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) ги потсетува радиодифузерите дека резултатите од испитувањата на јавното мислење во врска со предвремените парламентарни избори, согласно Изборниот законик може да се објавуваат најдоцна пет дена пред датумот определен за одржување на…

МРТ во изборните програми: СДСМ ја гледа како заштитник од дезинформации, ВМРО ќе ја уредува со нов закон

Идниот развој на јавниот радиодифузен сервис е вклучен во изборната програма на двете најголеми политички партии што ќе се натпреваруваат на изборите на 15 јули. За владејачкиот СДСМ, приоритет е Националната радио-телевизија да прерасне во вистински јавен радиодифузер, кој мора…

ЦИВИЛ: Социјалните мрежи и дел од медиумите и на овие избори се користат за ширење лажни вести и омраза

Граѓанската организација ЦИВИЛ денеска одржа прес-конференција за да ги претстават нивните досегашни наоди од мониторингот на платеното политичко рекламирање и медиумското известување пред и за време на изборната кампања за изборите што ќе се одржат на 15 јули. Од тимот…

ДУИ со претставка до ААВМУ, Агенцијата бара баланс во дебатните емисии на медиумите

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) вчера добила претставка од политичката партија ДУИ, во која таа реагира на организирањето дебатни емисии на програмите на медиумите. Агенцијата веднаш направила увид во податоците од мониторингот на досегашното изборно медиумско претставување,…

МРТ ги објави правилата за медиумско покривање на изборите, но само за првиот програмски сервис

Македонската радио-телевизија (МРТ) ги објави правилата за медиумско покривање на претстојните парламентарни избори што ќе се одржат на 15 јули. Како што се наведува во објавата, станува збор за обврски на јавниот радиодифузен сервис МРТ 1 пропишани во Изборниот законик. Во овие…

Кај власта има расположение да се укине предизборното рекламирање од државен буџет, но не за овие избори

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски во интервју за порталот „Призма“ вели дека во владејачката партија СДСМ има расположение во целост да се укинат изборните реклами, за чија изработка политичките партии добиваат финансии од државниот буџет. Манчевски изјави…

ЗНМ изработи Прирачник за етичко известување од избори во земјава

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изработи „Прирачник за етичко известување од избори во Северна Македонија“ во пресрет на одржувањето на претстојните парламентарни избори во земјава. Автори на прирачникот се Марина Тунева, Младен Чадиковски, Насер Бислими и Емилија Јаневска, додека…