Политичкото рекламирање во медиумите нотирано и во Извештајот на Европската Комисија

Во Извештајот на Европската Комисија за Северна Македонија, во делот за финансирање на медиумите, постои забелешка за политичкото рекламирање кое може да влијае врз независноста на уредувачката политика на медиумите. „Можноста политичките партии да користат државни средства за рекламирање во…

ЕК во извештајот нотира дека Регистарот на онлајн медиуми е во насока на напредок на професионалните стандарди

Во Извештајот за напредокот на земјата за 2020 година на Европската комисија интензивирањето на заложбите за саморегулација се посочува како фактор за напредок на професионалните стандарди и квалитетот на новинарството. Во делот поврзан со слободата на изразување, се нотира и…

Собрание на ЗНМ: Стоп за насилството врз новинарите, најавени протести

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) викендов во хотелот Александар Палас во Скопје одржа редовно неизборно Собрание на кое беа дискутирани повеќе теми поврзани со работата на Здружението, како и проблемите со кои се соочуваат новинарите во последната година. Собранието…

ЗНМ бара од ОЈО посебно одделение за решавање на напади кон новинари

Претседателот на ЗНМ Младен Чадиковски, директорот на ЗНМ Драган Секуловски и адвокатот кој застапува група на новинари за нелегалното прислушување, Филип Медарски, вчера остварија средба со државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески, информираат од Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ). На…

ZNM - SSNM - Maricic

ЗНМ и ССНМ ќе бидат вклучени во измените на Изборен, Кривичен и Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета

Претставници на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), денеска остварија средба со министерот за правда, Бојан Маричиќ. Главна тема на дискусијата на средбата било прашањето околу третманот и заштитата на медиумските…

ЗНМ: Истрагата на ОЈО за изборното рекламирање да е транспарентна и неселективна

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) реагира на објавата на Основното jавно oбвинителство во која информираат дека е отворена истрага за платеното политичко рекламирање од последните избори во дел од онлајн медиумите кои беа пријавени во Државната изборна комисија на последните избори.…

ЗНМ и РКЕ потпишаа Меморандум за соработка за поголема транспарентност во работењето на регулаторите

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) потпишаа Меморандум за соработка во кој основен постулат е информирање на граѓаните за постапките и процесите за заштита на правата на потрошувачите за енергетските услуги.…

На вчерашниот протест во Скопје нападната екипа на Ал Џазира, осуди од ЗНМ и од ССНМ

Новинарката Милка Смилевска и снимателот Јорде Ангеловиќ на вчерашниот протест што го организираше ВМРО-ДПМНЕ биле нападнати и попречени во вршењето на своите професионални новинарски задачи. Додека снимале изјава за протестот со соговорник, напаѓачот најпрво ја прашал новинарката Смилевска дали е…

ЗНМ со осуда за непримерниот однос на ИДКНА кон весникот „Коха“

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) го осудува начинот на јавна комуникација и обвинувањата упатени кон весникот „Коха“ од страна на Институтот за Духовно и Културно Наследство на Албанците (ИДКНА). Овој институт на својата веб страна и на профилите на…

ЗНМ и Советот на етика во медиумите за претставките меѓу Агенцијата за филм и дел од медиумите и новинари

ЗНМ преку соопштение се изјасни по претставката на новинарката Ана Василевска за текстови објавени кон крајот на јули 2020 година во порталите mkd.mk и sdk.mk во врска со Агенцијата за филм и одлуката на Антикорупциската комисија да постапува во рамките…