Уставен суд ги избрка новинарите и не дозволи проследување на средбата Жбогар-Мурати

Уставниот суд не им дозволи на новинарите да ја проследат средбата помеѓу претседателот на судот, Сали Мурати и амбасадорот на ЕУ, Самуел Жбогар.

И покрај инсистирањето да се присуствува и да се земат изјави по завршување на средбата, службите од судот сугерираа изјавите да се земаат само надвор од објектот.

Не е позната темата на средбата, а Мурати по неговото назначување за претседател на Уставниот суд, досега имаше средби со амбасадорот на Сојузна Република Германија, Томас Герберих и со францускиот амбасадор Кристијан Тимоние.

Уставниот суд во периодов е актуелен по иницијативата за преиспитување на уставноста на поништувањето на помилувањата од поранешниот претседател Иванов.

foom-logo-disklejmerТекстот е изработен во рамки на проектот „Опсерваторија на медиумските реформи“, што го спроведува Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, со финансиска поддршка на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Содржината на текстот е единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.