За проектот

Проектот „Опсерваторија на медиумските реформи“ има цел да придонесе во исполнувањето на реформските приоритети, како услов за пристапување на РМ во ЕУ, преку идентификување и отстранување на пречките за демократскиот развој на медиумскиот сектор. Притоа, со проектот ќе се обрати внимание и на следниве краткорочни цели:

  • Да се зајакне јавната свест во врска со реформските приоритети и со предизвиците во областа на медиумите;
  • Да се создадат можности за информативна јавна дебата помеѓу носителите на одлуки, невладините организации и медиумите;
  • Да се креира коалиција на граѓански организации и на медиуми за надзор и за застапување на исполнувањето на реформските приоритети во областа на медиумите.

Проектот ќе ги информира граѓаните за процесот на исполнување на реформските приоритети на разбирлив начин, прилагоден за неекспертска публика, за граѓаните да разберат зошто се важни реформските приоритети и како нивното исполнување ќе придонесе за подобрување на нивниот живот. Истовремено, проектот ќе даде можности за граѓаните и за граѓанските организации да придонесат во јавната дебата, преку создавање механизми и канали за нивно поврзување со медиумите и со носителите на одлуки.

Текстот е изработен во рамки на проектот „Опсерваторија на медиумските реформи“, што го спроведуваат Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, „Агора“ – Центар за промовирање на граѓански вредности и Платформата за истражувачко новинарство и анализи (ПИНА), со финансиска поддршка од „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Содржината на текстот е единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

За зголемена видливост и транспарентност на проектот, како и за поширока комуникација со јавноста, обезбедена е медиумска поддршка од новинската агенција „Мета“ ,„Вистиномер“ и „Портлаб