Meri Jordanovska

ЗНМ повика на брза реакција на институциите по заканите кон новинарката Јордановска

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) најостро ги осуди заканите и навредите упатени кон новинарката и заменик-уредничка на порталот „А1он“, Мери Јордановска.
Според пораките кои ги објави Јордановска, заканувачот со погрдни зборови ја навредувал притоа заканувајќи се дека “ќе ја искреира на некролог“.
ЗНМ ги повика Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство итно да отворат истрага и да ги преземат сите можни мерки за брзо санкционирање на заканувачот.
Случајот е веќе пријавен во Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР.
ЗНМ ги повика институциите брзо да реагираат за овој случај со цел да се превенираат и слични закани во периодот кој следува.
Здружението на новинарите на Македонија предупреди дека во пресрет на изборите заканите кон новинарите и медиумските работници има тенденција да зачестуваат и потсетува дека заканите кон новинарите и медиумските работници претставуваат кривично дело и обид за цензура во медиумите.

 

Текстот е изработен во рамки на проектот „Опсерваторија на медиумските реформи“, што го спроведува Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, со финансиска поддршка на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.
Содржината на текстот е единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.