ЗНМ утре ќе промовира две публикации кои се однесуваат на безбедноста на новинарите

Здружението на новинарите на Македонија утре на 25 декември ќе промовира две публикации „Хроника за (не)безбедноста на новинарите“ како и „Нападите врз новинарите и медиумските работници на 27 април 2017 година“. Промоцијата ќе се одржи во Европската куќа (поранешен ЕУ Инфо-центар) со почеток во 11 часот.
Претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски неодамна упати порака дека новинарите не треба и не смеат да бидат напаѓани поради вршење на нивната професија.
„Втората порака ја испраќаме до институциите пред се до правосудните органи дека нападите врз новинарите мора да се процесираат во најбрз можен рок со цел да се заштити демократијата во нашата земја“, истакна Чадиковски.
Според ЗНМ, неказнивоста неминовно води кон самоцензура, го ограничува просторот за слободни медиуми и ја прави професијата неатрактивна за младите.

 

Текстот е изработен во рамки на проектот „Опсерваторија на медиумските реформи“, што го спроведува Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, со финансиска поддршка на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.
Содржината на текстот е единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.