Регистарот на професионални онлајн медиуми достапен на promedia.mk

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Советот за eтика во медиумите на Македонија (СЕММ) информираат дека веб-страницата на којашто се достапни податоци за професионалните онлајн медиуми www.promedia.mk од денеска е функционална и достапна за јавноста. Во моментот Регистарот го сочинуваат 101 онлајн…

АВМУ: Затворските казни за новинари може да доведат до автоцензура

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изразува загриженост во врска со шестмесечната условна затворска казна за главниот и одговорен уредник на „Инфомакс“, Александар Митовски, поради оддавање службена тајна. „Изрекувањето затворски казни за новинари кои информираат за теми од висок…

Новинарските здруженија ја осудија условната казна затвор за уредникот на „Инфомакс“

Новинарските здруженија ја осудија пресудата за главниот и одговорен уредник на „Инфомакс“, Александар Митовски, кој е осуден на условна затворска казна од шест месеци поради оддавање службена тајна. Имено, Митовски лани во август на порталот „Инфомакс“, објави официјален документ, записник…

Поповски: Гарантираме нулта толеранција за насилство, напади, уцени и притисоци врз новинарите

Министерот за комуникации, отчетност и транспарентност Роберт Поповски денеска се обрати на регионалната работилница на тема „Новинарството за безбедносните предизвици во новото време“ што се одржа во хотел „Мериот“. Поповски истакна дека во време кога има чести појави на екстремизам,…

Синдикатот на новинари и Советот за етика во медиумите ги осудуваат онлајн нападите врз новинарката Бурнс

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Советот за етика во медиумите најостро ги осудуваат нападите, навредите и онлајн малтретирањето врз новинарката на „Слободен печат“, Мирослава Бурнс, од страна на вработен во Царинската управа на Македонија. Во соопштението…

Манчевски: Не прифативме политички пазар со ВМРО-ДПМНЕ за МРТ и ААВМУ

Со министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, разговараме воопшто за спроведување на медиумските реформи, за застојот за избор на новите луѓе во Македонската радио телевизија и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и за намалување на нападите…

Делегацијата на ЕУ ги повика телевизиите, операторите и владата да најдат одржливо решение на спорот

Делегацијата на Европската Унија во Скопје повикува владата, телевизиските станици и кабелските оператори во земјава да преговараат и да изнајдат одржливо решение за спорот којшто може да доведе до прекин на реемитувањето на домашните и странските телевизиски канали од страна…

Ако не се постигне договор, на 2 март на полноќ операторите ќе прекинат со реемитување на каналите

Здружението на информатичко-комуникациските технологии, кое ги обединува сите оператори, донесе заклучок да го прекине реемитувањето на сите домашни и странски ТВ канали на 2 март (понеделник), вечерта на полноќ, за да остават простор за изнаоѓање законско решение во интерес на…

Обвинувањата на телевизиите се неточни и тенденциозни, реагираат операторите

Здружението на информатичко-комуникациски технологии реагира на денешната прес-конференција на Македонската медиумска асоцијација на приватни национални телевизии (ММА) на која тие ги обвинија операторите за пиратерија и емитување на програма без авторски права, при што им создаваат нелојална конкуренција. „Најостро ги…

Во земјава има над 400.000 претплатници на ТВ-услуги (инфографик)

Колку граѓани ќе го загубат телевизискиот сигнал е прашање што заслужува внимание по најавата на операторите дека ќе прекинат со реемитување на програмата на сите канали, освен на МРТ, поради тоа што не се согласуваат со измените на Законот за…