Телевизиите бараат оставка од директорот на ААВМУ, Трајчевски и акција од владата

Македонската медиумска асоцијација на приватни национални телевизии (ММА) денес побара од надлежните институции да ја спречат заканата од телеком операторите за прекинување на реемитувањето на домашните телевизиски канали. Тие побараа оставка од Зоран Трајчевски, директорот на Агенцијата за аудио и…

АВМУ: Последните измени на Законот за медиуми беа донесени на крајно нетранспарентен начин

Последните измени на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги беа донесени на крајно нетранспарентен начин, во процес којшто не беше инклузивен и тоа пред самото донесување на Одлуката за распуштање на Собранието и на Решението за распишување на Предвремените…

Манчевски апелира на разум и повика на дијалог со кабелските оператори

Министерот за информатичко општество, Дамјан Манчевски, за новонастанатата ситуација со кабелските оператори рече дека кога Собранието во 2018 година ги усвоило законските измени со кои се забранува емитување на странски програми без регулирани авторски права, имало согласност и од кабелските…

Македонско истражувачко новинарство: На работ на квалитетот и опстанокот

Истражувачко новинарство во македонските традиционални медиуми речиси и да нема. И тие малку стории што се објавуваат годишно ги има претежно во онлајн медиумите и се финансирани со странски донации. Телевизиите, радијата, весниците и дел од онлајн медиумите се претворени…

Операторите ќе прекинат со реемитување на сите тв канали, освен на јавниот сервис (МТВ)

Реемитувањето на сите домашни и странски телевизиски канали преку македонските оператори ќе биде прекинато, едногласно одлучи Здружението на информатичко – комуникациски технологии, каде што се обединети сите кабелски оператори. Операторите ќе го пренесуваат само јавниот сервис – МТВ1, МТВ2 и…

Кабелските оператори ќе одговарат и за пиратеријата на странските канали

Последните измени и дополнувања на Законот за аудио и аудивизуелни медиумски услуги, кои беа изгласани во целосна тајност и без никаква јавна расправа, повторно ги разбрануваа страстите меѓу националните телевизии и кабелските оператори. Со измените практично почнува да се применува…

Тимоние се надева дека ќе се надмине големата политичка поларизација во медиумите

На денешната средба со министерот задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност Роберт Поповски, францускиот амбасадор, Кристијан Тимоние, истакнал дека има подобра атмосфера во областа на медиумите и изразил надеж дека во наредниот период ќе се надмине големата политичка поларизација во…

242 медиуми сакаат да објавуваат политички реклами за изборите

Во Регистарот на медиуми кои ќе даваат услуги за платено-политичко рекламирање на претстојните парламентарни избори ќе бидат впишани 242 медиуми, од кои 159 се портали, 39 се радио-станици, 32 се телевизии и 12 се печатени медиуми, информираат од Државната изборна…

ДИК не треба да ги одредува цените, но ни државата да ги плаќа партиските реклами

Цената на рекламен простор не треба да се ограничува, но финансирањето политичко рекламирање со јавни пари е целосно неприфатливо, вели Дејан Георгиевски, претседател на Центарот за развој на медиуми. Минатите два дена национални телевизии реагираа на Одлуката на Државната изборна…

Националните ТВ против ценовникот на ДИК: Грдо е, на медиумите ќе им пукне филмот

Не треба Државната изборна комисија да се занимава со ценовниците на телевизиите е генералниот став на директори на три национални телевизии, откако ДИК во неделата го објави ценовникот по кој ќе се наплаќаат предизборните пораки во медиумите. Ценовникот е формиран…