Сè уште не е формирана, а новата Агенција за информации од јавен карактер ја чекаат 680 претставки

Иако сè уштe не е формирана, Агенцијата за слободен пристап до информациите од јавен карактер ја очекуваат 680 поднесени претставки за разгледување, што е за 180 претставки повеќе од претходната година, кога имаше 500, пишува „Порталб.мк“.

Според податоците со кои располага Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, до 11 ноември до нив пристигнале 715 поплаки. Само 35 од нив се решени до седницата на 13-14 февруари на Советот, а нерешени остануваат уште 680.

„Бројот на жалби во нашата Комисија во текот на 2019 се вкупно 715. Од нив, 35 биле решени до последната седница одржана на 13-14 февруари, а нерешени остануваат уште 680 жалби”, информираат од Комисијата.

Бројот на неразгледани жалби бележи пораст бидејќи Комисијата нема Совет кој што би ги разгледувал истите, а во меѓувреме е донесен новиот Закон за слободен пристап до информациите од јавен карактер кој што предвидува формирање на Агенцијата. Законот се предвидува да стапи во сила на 30 ноември, со што ќе се спречи актуелната Комисија да постапува по претставките, бидејќи според законот, за тоа одговорна е Агенцијата.

Агенцијата ќе се формира откако во Собранието на Македонија ќе биде именуван директор и заменик-директор. Меѓутоа, иако веќе поминале повеќе од 5 месеци од усвојувањето на законот и само две недели не делат од неговото стапување во сила, во собраниската Комисија за избори и именувања, партиите никако не успеваат да се договорат.

Со новиот закон, ќе се зголеми бројот и бројот на институции и правни субјекти кои ќе бидат обврзани да одговараат на прашањата за слободен пристап до информациите од јавен карактер, иако точната бројка се уште не се знае, бидејќи актуелната Комисија нема спроведено проценка. Ова се очекува уште повеќе да го зголеми бројот на претставки, за кои што веќе нема да одлучува Советот со мнозинство, туку стручната служба на Агенцијата и директорот и заменик директорот.

„Сè уште не знаеме точно колкав ќе биде бројот на институции кои што ќе ги опфати новиот закон, бидејќи имплементацијата на овој закон сè уште не започната, поради тоа што во Собранието сè уште не е извршено именување на директор и заменик-директор, но сигурно дека ќе биде поголем од моменталната бројка“, рекоа од Комисијата.

Според податоците на веб-страницата на оваа Комисија, бројот на институциите иматели на информации од јавен карактер е некаде до 686.

Изборот на директорот би го отворил патот за функционирање на Агенцијата и имплементација на новиот Закон што се очекува да стапи на сила на 30 ноември 2019 година, но тоа е залог на “политичките спорови”.

Според новинарите и познавачите на прашањето на транспарентност, целата оваа ситуација отвора можност за манување на Законот.

 

foom-logo-disklejmerТекстот е изработен во рамки на проектот „Опсерваторија на медиумските реформи“, што го спроведува Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, со финансиска поддршка на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Содржината на текстот е единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.