Новинарските здруженија од регионот ги осудија заканите и навредите врз новинарките во Македонија

Регионалната платформа на Западен Балкан за застапување на слободата на медиумите и безбедноста на новинарите која претставува повеќе од 8.000 членови, остро ги осуди заканите и навредите кон Мери Јордановска, уредник во „А1он.мк“ и уредничката во „ТВ Алфа“, Искра Коровешовска.…

Нападите и заканите врз новинарите драстично опаднаа по 2017 година, но не исчезнаа (инфографик)

Во изминативе две години за четири до пет пати е намален бројот на случаите на повреда на правата на новинарите во земјава. Ако во 2017 година биле регистрирани 20 вакви случаи, Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) лани регистрирало само…

ССНМ и ЗНМ: Нападите врз новинарите да бидат третирани како напади врз службени лица

Трите вербални напади придружени со закани и онлајн малтретирање врз новинарките Маја Јовановска, Мери Јордановска и Искра Коровешовска во последните две недели се вистински момент да потсетиме на иницијативата на ССНМ во соработка со Здружението за новинари за измени на…

Јакимовски доби отказ од Централниот регистар, МВР и ОЈО допрва ќе треба да реагираат на заканите

Вработениот во Централниот регистар Емил Јакимовски, кој викендов упати закани и навреди кон новинарките Мери Јордановска и Искра Коровешовска, доби отказ од работното место. Директорката на Централниот регистар, Марија Бошковска Јанковски вчера донела решение за престанок на работниот однос поради…

Meri Jordanovska

ЗНМ повика на брза реакција на институциите по заканите кон новинарката Јордановска

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) најостро ги осуди заканите и навредите упатени кон новинарката и заменик-уредничка на порталот „А1он“, Мери Јордановска. Според пораките кои ги објави Јордановска, заканувачот со погрдни зборови ја навредувал притоа заканувајќи се дека “ќе ја…

Државниот завод за ревизија ќе биде потранспарентен за новинарите

Главниот државен ревизор Максим Ацевски одржа работен состанок со претседателот на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), Младен Чадиковски и извршниот директор на здружението, Драган Секуловски за зајакнување и продлабочување на соработката помеѓу ДЗР И ЗНМ. Целта на оваа средба…

ЗНМ ги осуди заканите кон екипата на Истражувачката репортерска лабораторија

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) најостро ги осуди притисоците кои се вршат кон новинарката на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ), Маја Јовановска. Вербалните притисоци и вознемирување следеле откако ИРЛ ја објавила истражувачка сторија поврзана со градежни активности од последните години…

Foto nga promovimi

Новинарите ќе покренат приватни тужби ако државата не ги санкционира напаѓачите од 27 април

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) денеска ги промовираше двете публикации „Хроника за (не)безбедноста на новинарите“ и „Нападите врз новинарите и медиумските работници на 27 април“, со кои сакаат повторно да ја актуелизираат лошата состојба со неказнивоста на напаѓачите на…

ЗНМ утре ќе промовира две публикации кои се однесуваат на безбедноста на новинарите

Здружението на новинарите на Македонија утре на 25 декември ќе промовира две публикации „Хроника за (не)безбедноста на новинарите“ како и „Нападите врз новинарите и медиумските работници на 27 април 2017 година“. Промоцијата ќе се одржи во Европската куќа (поранешен ЕУ…

ЗНМ ги осуди навредите на портпаролот Димче Арсовски кон новинарот Фуркан Салиу

Здружението на новинарите на Македонија остро ја осудува „непримерната изјава на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски упатена кон новинарот на ТВ „Клан“, Фуркан Салиу“. „Денеска Арсовски преку својот профил на Фејсбук, јавно го обвини новинарот Салиу за ширење на национал-романтизам…