Владата одобри околу 86.000 евра за АВМУ за мониторинг на изборите во медиумите

Владата на 10.седница донесе одлука за одобрување на средства на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за мониторинг на изборите во медиумите.
„На оваа седница Владата ја усвои одлуката за одобрување на средства од буџетот во износ од 5.277.000 денари (85.805 евра) на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, за следење на изборните активности во 2020 година,“ се вели во соопштението на Влада.
Во тек е регистрирање на радиодифузерите, печатените медиуми и интернет-порталите во ДИК, доколку обезбедуваат платено-политичко рекламирање за учесниците во изборната кампања за предвремените парламентарни избори.

 

Текстот е изработен во рамки на проектот „Опсерваторија на медиумските реформи“, што го спроведува Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, со финансиска поддршка на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.
Содржината на текстот е единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.