Во време на ковид-19 кризата, прогнозите за слободата на печатот се мрачни

Пандемијата со ковид-19 го преиначи начинот на кој работат новинарите, и тоа пред се затоа што властите во многу земји заразата ја земаа како изговор да ги замолчат медиумите, пишува Кетрин Јакобсен за Комитетот за заштита на новинарите (КЗН), а пренесува Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ).

Одредени опасности со текот на времето ќе се намалат: вакцина за ковид-19 конечно ќе ги заштити луѓето, вклучувајќи ги и новинарите, од заразување или ширење на вирусот. Но, некои од мерките преземени за ограничување на слободата на печатот, намерно или не, може да продолжат и во иднина, велат експертите.

Можно е одговорите на корона вирусот да ја сменат долгорочната парадигма за новинарството на непредвидливи начини, исто како што нападите од 11 септември 2001 година, ја забрзаа глобалната експанзија на анти-терористички закони, и во замена го зголемија бројот на затворени новинари, пракса која продолжува и денеска.

Прекршувањата на слободата на печатот на глобално ниво, коишто Комитетот за заштита на новинарите ги документираше во врска со пандемијата, можат отприлика да се поделат во 10 категории кои треба да бидат мониториран: закони против „лажни вести“, затворање на новинари, суспендирање на говорот на слобода, груба цензура, и онлајн и офлајн, закани и малтретирање на новинари, и онлајн и офлајн, услови за акредитации и ограничувања на слободата на движење, ограничен пристап до информации, протерување и рестрикции за виза, следење и потрага по контактите, вонредни мерки.

 

foom-logo-disklejmer

Текстот е изработен во рамки на проектот „Опсерваторија на медиумските реформи“, што го спроведува Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, со финансиска поддршка на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Содржината на текстот е единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.