АВМУ ги обжалила казните за изборни прекршоци на радиодифузерите како „недоволни“

Во извештајот на ОБСЕ и ОДИХР од 29 октомври 2017 година се вели дека Основниот суд донел одлуки во два случаи од првиот изборен круг, пресудувајќи казни пониски од пропишаните во Изборниот законик (ИЗ) за прекршување на изборениот молк и неизбалансирано известување.

Во првичните наоди и заклучоци на ОБСЕ и ОДИХР се вели дека иако ИЗ пропишува парична казна од 8.000 евра и 4.000 евра за вакви прекршоци, биле пресудени казни од само 4.500 евра, односно 2.250 евра.

Агенцијата за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги (ААВМУ) поведе две прекршочни постапки против некои радиодифузери во тек на вториот круг. Случаите за однесуваат на кршење на одредбите од ИЗ за лимитите за платено политичко рекламирање и за неизбалансирано известување. Основниот суд донесе одлуки во два случаи од првиот круг, пресудувајќи казни пониски од пропишаните во ИЗ. Обете беа обжалени од ААВМУ врз основа на недоволноста на казните. Судовите допрва треба да решаваат за ова во жалбена постапка.

Зоран Трајчевски, директорот на ААВМУ, ги потврдува овие наводи, но вели дека не станува збор само за две обжалени постапки, туку дека ААВМУ „ги обжалила сите одлуки на судот“.

Трајчевски укажа и на некои чудни образложенија на судот за ниските казни, односно дека „една телевизија имала дури 17 казни, па затоа и е пресудена пониска казна“.

foom-logo-disklejmerТекстот е изработен во рамки на проектот „Опсерваторија на медиумските реформи“, што го спроведуваат Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, „Агора“ – Центар за промовирање на граѓански вредности и Платформата за истражувачко новинарство и анализи (ПИНА), со финансиска поддршка од „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.
Содржината на текстот е единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.