Нема да го повлечеме Законот за медиуми, вели Манчевски

Законот за аудио и аудиовизуелни услуги нема да биде повлечен, но остануваме отворени за дискусија, изјави денеска министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, во врска со забелешките од одредени здруженија дека законот е противуставен и дискриминаторски.

– Би сакал да знам зошто овие здруженија на многуте јавни дебати што ги имавме не го искажаа овој став, туку го искажуваат преку брифинзи во јавноста. Законот нема да се повлече затоа што согласно информациите кои ги имам, за еден состанок во Стопанската комора на Македонија, учесниците не го делат ова мислење. Сепак остануваме отворени за дискусии и јавна дебата, а не зад затворени врати, да го решиме овој проблем и апсолутно сум сигурен дека ќе најдеме решение – рече Манчевски, одговарајќи на новинарско прашање.

foom-logo-disklejmerТекстот е изработен во рамки на проектот „Опсерваторија на медиумските реформи“, што го спроведуваат Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, „Агора“ Центар за промовирање на граѓански вредности и Платформата за истражувачко новинарство и анализи (ПИНА), со финансиска поддршка на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.
Содржината на текстот е единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Фондацијата „Отворено општество – Македонија“.