Bojan Mariçiq

Маричиќ: Во измените на Кривичниот законик ќе продолжиме да разговараме со медиумските работници

Министерот за правда Бојан Баричиќ на денешната прес-конференција, меѓудругото говореше и за легислативата која се однесува на заштита на новинарите и на медиумските работници.

„Паралелно треба да се разговара и со обвинителство и со судството, бидејќи сигурен сум дека на оваа тема можеме да имаме и дополнителна едукација на кадрите и во извршната власт, меѓутоа и во обвинителството и во судството за тоа како посоодветно или како подобро да се заштитат медиумите и новинарските работници при нивната секојдневна работа и соочување со евентуални напади или говор на омраза”, рече Маричиќ.

Претставници на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), на 1 октомви остварија средба со Маричиќ, а главна тема на дискусијата на средбата беше прашањето околу третманот и заштитата на медиумските работници.

„Таа идеја е пренесена во групата која што работи на Кривичниот законик или на создавање на нов кривичен законик во којшто ќе имаме зајакната законска рамка за да има зголемени казни за оние потешки кривични дела сторени против новинари или против медиумски работници. Мислам дека во текот на креирањето на овој закон ќе продолжиме да разговараме со сите медиумски работници за да најдеме решение кое што ќе ја зајакне и законската рамка, но уште побитно и праксата на институциите за заштита на медиумите и на новинарите од говор на омраза или пак од кривични дела предизвикани од омраза”, рече Маричиќ.

Од ЗНМ побараа итни решенија во однос на измените во Кривичниот законик поради драстичниот пораст на напади на новинарите.

foom-logo-disklejmer

Текстот е изработен во рамки на проектот „Опсерваторија на медиумските реформи“, што го спроведува Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, со финансиска поддршка на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Содржината на текстот е единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.