Министерството за правда заедно со Министерството за информатичко општество и администрација и министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски ги повика граѓаните, граѓанските организации, медиумите, институциите и сите засегнати страни да даваат предлози и сугестии за предлог законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, кој во моментов се пишува.
Предлозите треба да ги содржат следните податоци: име и презиме на авторот на документот или предлогот, односно име и адреса на организацијата или институцијата, а треба да се достават до 15 јануари до Министерството за правда, на следната електронска адреса cabinet@mjustice.gov.mk
Текстот е изработен во рамки на проектот „Опсерваторија на медиумските реформи“, што го спроведуваат Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, „Агора“ Центар за промовирање на граѓански вредности и Платформата за истражувачко новинарство и анализи (ПИНА), со финансиска поддршка на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.
Содржината на текстот е единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Фондацијата „Отворено општество – Македонија“.