ССНМ, ЗНМ и Советот за етика со прашања до политичките партии

Во пресрет на изборната кампања која започнува денес, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика во медиумите во Македонија (СЕММ) јавно поставија десет прашања до политичките партии и коалиции кои ќе настапат на предвремените парламентарни избори 2020 година.

Дел од прашањата се однесуваат на ставовите на партиите за реформите во медиумскиот сектор, гледиштата кон новинарството, како и за и идеите што ги имаат околу создавање услови за развој и слободно дејствување на професионалните новинари и медиумски работници.

 

„Очекуваме политичките чинители во изборите кои се сериозни да дадат искрени одговори кои понатаму ќе можат и да ги спроведат, а со цел подобрување на слободата на изразување и независноста на медиумите во нашата земја. Во наредните девет дена секојдневно и јавно ќе поставуваме по едно прашање со цел подигање на свеста за тоа што значи новинарството во едно демократско општество“ се вели во соопштението на ССНМ, ЗНМ и СЕММ.

 

foom-logo-disklejmer

Текстот е изработен во рамки на проектот „Опсерваторија на медиумските реформи“, што го спроведува Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, со финансиска поддршка на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Содржината на текстот е единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.