Фондацијата „Метаморфозис“ ќе изврши виртуелна презентација на Првиот периодичен мониторинг извештај во рамките на проектот „Опсерваторија на медиумските реформи“ (ОМР),финасиран од Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ)
Презентацијата ќе се одржи утре (16 април) и планирана е да трае помеѓу 12 и 13.30 часот.
Настанот ќе се одржи виртуелно на платформата ZOOM [Meeting ID: 973 8102 7136]
Овој извештај се занимава со набљудување на имплементацијата на Итните реформски приоритети (ИРП) поставени од ЕУ во делот Слобода на изразување и следи четири области:
- Реформи во јавниот радиодифузен сервис;
- Владини реклами;
- Пристап до информации од јавен карактер;
- Клевета и навреда.
На презентацијата ќе говорат: Насер Селмани – проектен новинар-аналитичар и Климе Бабунски – член на фокус групата на проектот ОМР, а модератор на настанот ќе биде Виолета Глигороска од Фондација „Метаморфозис“ која ќе го презентира извештајот.
При презентирањето на мониторинг извештајот ќе се говори за клучните наоди и за континуираните предизвици на новинарите за темите кои се дел од овие Итни реформски приоритети (ИРП).
Извештајот е достапен на mediaobservatorium.mk/izveshtai на македонски јазик и на mediaobservatorium.mk/sq/raporte на албански јазик.