„Социјалните медиуми не смеат да бидат користени како алатка за ширење на говор на омраза, закана и притисоци кон секој кој има различно мислење или став. Цврсто се залагаме за слобода на говор, но секоја злоупотреба во правец на ограничување на слободата на другиот мора соодветно да биде санкциониранa,“ се вели во соопштението на МИОА.
Поради заканите по безбедност и говорот на омраза кон дописничката на МИА од Брисел, реагираа и од Европската комисија, Владата, како и Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Советот за етика на медиумите во Македонија (СЕММ).
Текстот е изработен во рамки на проектот „Опсерваторија на медиумските реформи“, што го спроведува Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, со финансиска поддршка на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.
Содржината на текстот е единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.