Владата го усвои Предлог-законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Владата на Република Македонија на својата 55-та седница попладнево го усвоила Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), извести на Твитер-профилот портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски.

Сега Предлог-законот ќе биде испратен во Собранието, каде следува расправа, а потоа и негово изгласување.

Во прашање е четвртата верзија на предлог-законот, која Министерството за информатичко општество и администрација ја објави во четвртокот.

Постапката за донесување на новите законски измени почна на 14 јули минатата година, со првата јавна дебата, а оттогаш се одржа уште една дебата и низа консултации. Како што вели Министерството, во текстот се внесени и коментарите добиени на Единствениот национален електронски регистер (ЕНЕР) за претходната работна верзија, објавена на 4 ноември минатата година.

„Исто така, во објавената верзија на Законот, имплементирани се коментарите добиени од Европската Комисија и Канцеларијата на ОБСЕ“, вели МИОА.

 

foom-logo-disklejmerТекстот е изработен во рамки на проектот „Опсерваторија на медиумските реформи“, што го спроведуваат Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, „Агора“ Центар за промовирање на граѓански вредности и Платформата за истражувачко новинарство и анализи (ПИНА), со финансиска поддршка на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.
Содржината на текстот е единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Фондацијата „Отворено општество – Македонија“.