ААВМУ ја усвои методологијата за мониторинг на медиумското претставување за претстојните избори

Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) на вчерашната седница усвои три подзаконски акти коишто се однесуваат на изборното медиумско претставување на радиодифузерите. Усвоена е Методологијата за мониторинг на изборното медиумско претставување преку радио и телевизиските програмски сервиси за време на изборни процеси, Упатството за лимитите за платено политичко рекламирање за изборите во 2020 година и Упатството за потврдување на извештаите за емитување платено политичко рекламирање.

АВМУ ќе врши мониторинг на медиумското покривање на изборната кампања од првиот ден на почеток на изборната кампања, вклучувајќи го и изборниот молк. Целта на мониторингот на медиумите е да се обезбеди правично, избалансирано и непристрасно медиумско претставување на сите учесници во изборниот процес, на кои треба да им се овозможат подеднакви услови за пристап до сите облици на изборно медиумско претставување во телевизиските и радио програмските сервиси.

Поради пандемијата со корона вирусот и прогласувањето на вонредната состојба која што го одложи одржувањето на изборите за 15 јули, АВМУ уште пред три месеци го објави Извештајот од медиумското известување за предвремените парламентарни избори во предизборниот период од 17 февруари до 16 март. Со овој извештај на АВМУ се покажа дека сите национални телевизиски и радио програми објективно и непристрасно известувале во предизборниот период. 

Исклучок е забележан единствено кај првата програма на Македонското радио, каде е утврден квалитативен дисбаланс со поголемо време одвоено за прилози на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ. Исто така, во извештајот на АВМУ стои и укажувањето за „генералното почитување“ на законското начело за објективно и непристрасно прикажување на настаните кај телевизијата Алфа.

АВМУ

 

foom-logo-disklejmer

Текстот е изработен во рамки на проектот „Опсерваторија на медиумските реформи“, што го спроведува Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, со финансиска поддршка на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Содржината на текстот е единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.иборн акампања