Реформата на законодавството за клевета тргна од мртва точка

Реформата на законодавството за клевета и навреда, која е една од реформските приоритети во сферата на медиумите, тргна од мртва точка. По најавата на министерот за правда, Бојан Маричиќ, на почеток на месецот, дека ќе се направи ревизија на законодавството што…

ССНМ, ЗНМ и СЕММ: Осуда за заканите и дискредитациите кон новинари од Лидија Димова

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика во медиумите (СЕММ) ја осудуваат непримерната јавна комуникација со обид за дискредитација, проследена со закани со тужба, кон колегите од онлајн медиумот…

Сензационалистичкото известување во медиумите, едно од најчестите прекршувања на стандардите во време на ковид-19

Сензационалистичкото известување во медиумите, недоволната заштита на приватноста и личните податоци и отежнатиот пристап до информации се меѓу најчесто пријавуваните проблеми до советите за етика во медиумите во регионот на Балканот и Европа во периодот на пандемијата на ковид-19. Ова…

Досудени 5.200 евра казни на дел од медиумите за известување во изборната кампања и изборниот молк

Дел од националните телевизии и радио станици од Основниот кривичен суд-Скопје се казнети со вкупно 5.200 евра за неизбалансирано известување за време на изборната кампања, како и за непочитување на изборниот молк пред одржувањето на предвремените парламентарни избори на 15…

Обврските во однос на изборите од 15 јули во фокусот на работењето на ААВМУ во третиот квартал

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) денеска го одржа јавниот состанок преку видеоконференциска врска, на кој се презентираа спроведените активности согласно Годишната програма за работа на ААВМУ. Директорот на ААВМУ, Зоран Трајчевски ги презентираше резултатите и активностите на…

ААВМУ ќе го анализира медиумското прикажување на жените – кандидатки на изборите за време на кампањата

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) ќе изработи анализа на родовите прашања и претстави за време на изборната кампања со акцент на прикажувањето и третманот на жените – кандидатки/претставнички на учесници во изборната кампања. Станува збор за редовно…

Алсат-М и Македонско радио со казни, Телма куртули од судска казна за известувањето за време на изборите

Основниот кривичен суд и Апелациониот суд во Скопје делумно ги прифатија прекршочните постапки што Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) ги поднесе против медиумите за нивното известување за време на изборната кампања и во периодот на изборниот молк…

ЗНМ со осуда за непримерниот однос на ИДКНА кон весникот „Коха“

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) го осудува начинот на јавна комуникација и обвинувањата упатени кон весникот „Коха“ од страна на Институтот за Духовно и Културно Наследство на Албанците (ИДКНА). Овој институт на својата веб страна и на профилите на…

ААВМУ бара казни од 4.000 евра за Алсат-М и Шења за неизбалансирано известување во кампањата

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) поведе прекршочни постапки против телевизиите Алсат-М и Шења, бидејќи спротивно од одредбите во Изборниот законик при известувањето за изборната кампања не обезбедиле избалансирано покривање на изборниот процес во дневно-информативните и во посебните…

ЗНМ: Директорот на АВМУ непрофесионално етикетира медиуми

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) во изминатите неколку недели внимателно ја следеше работата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) во делот на постапување против радиодифузерите за евентуални прекршувања на правилата предвидени во Изборниот законик. На барање,…