Пред изборите и за време на короната најгледани телевизии биле „Сител“, „Канал 5“ и „МТВ 1“

Трите домашни телевизиски канали „Сител“, „Канал 5“ и „МТВ 1“ биле најгледаните радиодифузери за време на епидемијата со корона вирусот во земјава, како и во периодот пред одржувањето на парламентарните избори, покажува Кварталниот извештај на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски…

Ковид-19 годинава го истисна од агенда прашањето за реформи во медиумскиот сектор

Прашањето за реформи во медиумскиот сектор во првиот квартал од 2020 година речиси воопшто не било на дневен ред на носителите на политики и одлуки во земјава, се вели во извештајот „Мониторинг на медиумските реформи и работата на АВМУ и МРТ“…

УЈП: Медиумите можат да аплицираат за субвенциoнирање на придонеси од задолжително социјално осигурување

Управата за јавни приходи соопшти дека согласно Уредбата со законска сила за субвенционирање на придонеси од задолжително социјално осигурување за вработени во медиуми, на работодавачот – медиум за секој осигуреник за месец јуни, јули и август 2020 година му се…

Владата со уредба им пропиша на операторите задолжително реемитување на телевизиските програми

Владата на вчерашната седница донесе измени и дополнувања на Уредбата со законска сила за примена на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за време на вонредна состојба. Заради обезбедување на соодветни услови за информирање на јавноста во овој период…

ССНМ ја поздравува одлуката на Владата за помош на вработените во медиумите, АПЕММ незадоволни

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) ја поздрави одлуката на Владата да го прифати барањето за субвенционирање на придонесите за социјално и пензиско осигурување за вработените во медиумите. „Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници смета дека ова е важен…

Владата со три услови до медиумите за субвенции за придонесите на плата

Владата има три услови под кои стопроцентно ќе ги покрива придонесите на плата на вработените во медиумите и медиумските куќи, телевизиите, радиодифузерите, печатените медиуми, како и електронските интернет портали. Ова денеска на прес-конференција го истакнаа вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и…

Владата ќе ги субвенционира придонесите за социјално за медиумските работници за три месеци

Владата на вчерашната седница донесе Уредба со законска сила за субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување за вработени во медиумите. Со уредбата се уредуваат условите, начинот и постапката на субвенционирање на исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување за…

По телевизиите, и радијата добија владина помош за справување со корона кризата

На вчерашната владина седница беше донесена и уредба за начинот на користење на радиофреквенциски опсези за време на вонредна состојба, со која на радиодифузерите, кои обезбедуваат радио емитување (радија), врз основа на издадено одобрение за користење на радиофреквенции во радиофреквенцискиот…

СЕММ: 66 проценти од жалбите за непрофесионално информирање се однесуваат на шпекулации за ковид-19

Советот за етика во медиумите (СЕММ) продолжува да реагира на зачестените случаи на неетичко и непрофесионално известување, а особено на ширењето шпекулации кај одредени медиуми во врска со пандемијата на корона вирусот. Од таму сметаат дека едностраното и шпекулативното известување во…

Кај власта има расположение да се укине предизборното рекламирање од државен буџет, но не за овие избори

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски во интервју за порталот „Призма“ вели дека во владејачката партија СДСМ има расположение во целост да се укинат изборните реклами, за чија изработка политичките партии добиваат финансии од државниот буџет. Манчевски изјави…