ААВМУ бара од институциите отвореност за медиумите и двонасочна комуникација со новинарите

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) апелира до Владата и другите надлежни институции да ја унапредат комуникацијата со новинарите и да го зголемат степенот на транспарентност во периодот на вонредната состојба поради епидемијата со корона вирусот. Од ААВМУ…

„Репортери без граници“: Македонија е на 92. место според слободата на медиумите веднаш зад Албанија, Косово и Грција

Според Светската листа на слобода на медиумите за 2020 година што ја изготвува невладината организација „Репортери без граници“ во Париз, Македонија за една година се искачи на три места погоре и сега е на 92-то место, со оценка 31,28 поени.…

ЗНМ: Слободата на изразување да биде загарантирана и во вонредна состојба

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) смета дека владините институции и здравствените центри мора да најдат начин за подобра комуникација и транспарентност во насока на гарантирање на слободата на изразување и правото на информирање во време на вонредна состојба. „Укажуваме…

СЕММ: 70 отсто од жалбите за непрофесионално известување се за корона вирусот

Советот за етика во медиумите (СЕММ) со загриженост реагира на зачестените случаи на неетичко и непрофесионално известување, а особено на ширењето шпекулации кај одредени медиуми во врска со пандемијата на корона вирусот, што дополнително би можело да влијае врз натамошно…

Утре презентација на првиот извештај за итните реформи во медиумската сфера

Фондацијата „Метаморфозис“ ќе изврши виртуелна презентација на Првиот периодичен мониторинг извештај во рамките на проектот „Опсерваторија на медиумските реформи“ (ОМР),финасиран од Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ) Презентацијата ќе се одржи утре (16 април) и планирана е да трае помеѓу 12…

ЗНМ изработи Прирачник за етичко известување од избори во земјава

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изработи „Прирачник за етичко известување од избори во Северна Македонија“ во пресрет на одржувањето на претстојните парламентарни избори во земјава. Автори на прирачникот се Марина Тунева, Младен Чадиковски, Насер Бислими и Емилија Јаневска, додека…

Рускиот агитпроп за Ковид-19 пустоши во ЕУ и балканските земји

На почетокот на април, Европската Унија објави Специјален извештај во врска со присуството на дезинформации во светските медиуми и на социјалните мрежи во врска со пандемијата на корона-вирусот. Извештајот треба да ги помогне напорите на ЕУ да се спротивстави на…

Објавен периодичниот извештај на Евротинк за работата на АЕК и ААВМУ

Иако редовно се објавуваат записниците од состаноците на Комисијата на Агенцијата за електронски комуникации, сепак тие не вклучуваат детали за текот и за содржината на дискусиите. Ова го покажува шестиот периодичен извештај за работата на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК)…

Расте бројот на неодговорени и одбиени барања за пристап до информации од јавен карактер (инфографик)

Лани пораснал бројот на неодговорени, одбиени и пренесени барања за слободен пристап до информации од јавен карактер од страна на институциите, покажува Годишниот извештај за работењето на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер…

МРТ од денеска започнува со емитување на четири нови канали, кои ќе се пуштаат етапно

Македонската радио телевизија информира дека дека од денеска почнува со емитување на четири нови телевизиски канали, и тоа МТВ 2 – 24 часовен канал на албански јазик, МТВ 3 – канал за спорт и забава, МТВ 4 – канал за останатите…