ССНМ: Основниот суд-Скопје 1 констатира дека телевизија Телма не го прекршила изборниот молк

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) ja поздравува одлуката на Основниот суд – Скопје 1 со која се констатира дека телевизија Телма не го прекршила изборниот молк, врз основа на прекршочната пријава поднесена од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски…

Ковид-19 годинава го истисна од агенда прашањето за реформи во медиумскиот сектор

Прашањето за реформи во медиумскиот сектор во првиот квартал од 2020 година речиси воопшто не било на дневен ред на носителите на политики и одлуки во земјава, се вели во извештајот „Мониторинг на медиумските реформи и работата на АВМУ и МРТ“…

МИОА целосно не се согласува со поднесените прекршочни пријави од страна на АВМУ кон Телма и Алсат-М

Министерството за информатичко општество и администрација, како надлежно министерство за медиумите, целосно не се согласува со поднесените прекршочни пријави од страна на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги против телевизиите Телма и Алсат-М, заради пренесена изјава на министерот за здравство Венко…

Македонско радио со изјава на Чулев, Телма и Алсат со изјава на Филипче го прекршиле изборниот молк

Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) на вчерашната седница донесе заклучок за покренување на прекршочни постапки пред надлежен суд против телевизиите Телма и Алсат-М, а идентична прекршочна постапка ќе следи и против првата програма на Македонското…

ААВМУ: И првата програма на Македонското радио вчера го прекршила изборниот молк

Во рамките на својот изборен мониторинг, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ), констатираше дека вчера, 14 јули, Првиот програмски сервис на Македонско радио во неколку дневноинформативни изданија емитуваше прилози за активности на Министерството за внатрешни работи за спречување…

ААВМУ: „Телма“ и „Алсат-М“ го прекршија изборниот молк, апел да се известува одговорно

Телевизиите „Телма“ и „Алсат-М“ го прекршија изборниот молк објавувајќи аудиовизуелни материјали за носител на функција во органите на власта кој воедно активно учествуваше во кампањата на еден учесник во изборниот процес, соопшти денеска Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги…

ААВМУ мониторира 14 медиуми, регистрирано едно прекршување кај политичките реклами

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) врши мониторинг на изборното медиумско претставување на 14 медиуми, како и мониторинг на платеното политичко рекламирање за изборите на 15 јули на сите радиодифузери од Регистарот на медиуми на ДИК. На денешниот…

МРТ ги објави правилата за медиумско покривање на изборите, но само за првиот програмски сервис

Македонската радио-телевизија (МРТ) ги објави правилата за медиумско покривање на претстојните парламентарни избори што ќе се одржат на 15 јули. Како што се наведува во објавата, станува збор за обврски на јавниот радиодифузен сервис МРТ 1 пропишани во Изборниот законик. Во овие…

ААВМУ ја усвои методологијата за мониторинг на медиумското претставување за претстојните избори

Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) на вчерашната седница усвои три подзаконски акти коишто се однесуваат на изборното медиумско претставување на радиодифузерите. Усвоена е Методологијата за мониторинг на изборното медиумско претставување преку радио и телевизиските програмски…

Реформите во медиумската сфера мора да продолжат посеопфатно

Некои одредби од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги не донесуваат квалитет, а во некои случаи и ги враќаат работите назад, додека значителен број работи се испуштени од овој закон што се битни за медиумските реформи, беше нагласено на…