„Репортери без граници“: Македонија е на 92. место според слободата на медиумите веднаш зад Албанија, Косово и Грција

Според Светската листа на слобода на медиумите за 2020 година што ја изготвува невладината организација „Репортери без граници“ во Париз, Македонија за една година се искачи на три места погоре и сега е на 92-то место, со оценка 31,28 поени.…

Утре презентација на првиот извештај за итните реформи во медиумската сфера

Фондацијата „Метаморфозис“ ќе изврши виртуелна презентација на Првиот периодичен мониторинг извештај во рамките на проектот „Опсерваторија на медиумските реформи“ (ОМР),финасиран од Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ) Презентацијата ќе се одржи утре (16 април) и планирана е да трае помеѓу 12…

Објавен периодичниот извештај на Евротинк за работата на АЕК и ААВМУ

Иако редовно се објавуваат записниците од состаноците на Комисијата на Агенцијата за електронски комуникации, сепак тие не вклучуваат детали за текот и за содржината на дискусиите. Ова го покажува шестиот периодичен извештај за работата на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК)…

Медиумите објективно и непристрасно известувале во предизборието, покажува мониторингот на ААВМУ

Националните телевизиски и радио програми објективно и непристрасно известувале во предизборниот период од 17 февруари до 16 март, покажува Извештајот од медиумското известување за предвремени парламентарни избори на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ). Во предизборниот мониторинг биле…

Јавниот сервис во предизборието: МТВ избалансирано, Македонското радио во полза на ВМРО-ДПМНЕ

Само дел од каналите на Македонската-радио телевизија (МРТ) прикажале избалансирано предизборно известување во информативната програма во периодот од 17 февруари до 16 март, покажува Извештајот од медиумското известување на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) за периодот пред…

ААВМУ досега не регистрирала прекршувања на Изборниот законик при мониторингот на медиумите

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) на 17 февруари го започна предизборниот мониторинг на медиумите и во изминатиов период не констатирала прекршувања на Изборниот законик, се наведува во четвртиот неделен извештај што ААВМУ го достави до Државната изборна…

„Репортери без граници“: Омразата кон новинарството е закана за демократијата

Македонија, според Индексот на слобода на медиумите во светот за 2018 година на „Репортери без граници“ се наоѓа на 109. место, што е скок за две позиции од минатата година, кога била на 111. место. Според извештајот насловен „Омразата кон…

Стејт департментот виде потчинети медиуми, напади врз новинари и недоверба на јавноста

Бројни проблеми со закани и напади со новинари, медиуми потчинети на политиката и економските интереси и недоверба на јавноста во медиумите се дел од крупните проблеми што ги нотира извештајот за состојбата со човековите права за 2017 година за Македонија,…